Сехудо го предизвика Волкановски, за да докаже дека е најголем

Поранешниот двоен шампион во УФЦ, Хенри Сехудо е подготвен да се врати од пензија, но само за една борба со одреден борец. „Трипл Ц“ сака да влезе во перо категорија, за да бара титула од трета категорија.

Олимпискиот златен медалист сака да се бори против Александар Волкановски, бидејќи верува дека победата над него ќе го зацврсти како најголем во историјата на спортот.

„Тоа е единствената битка што е важна за моето наследство. Оваа битка ќе ме зацврсти како најголема во историјата. Кој сака да ме види како ќе го натера, Волкановски да го свитка коленото?“, напиша 33-годишниот Американец на социјалните медиуми.

Во почетокот на мај Сехудо ја одбрани титулата во петел категорија со победа над Доминик Круз и се повлече од ММА. Сехудо застана на серија од три последователни победи и со рекордни 16 победи и 2 порази.

https://www.instagram.com/p/CC9mYzED4bB/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON