ММА борец ги покажа последиците од недозволен удар (ФОТО)

Пред помалку од две недели, поранешниот борец на УФЦ, Бостон Салман, претрпе тежок нокаут. Тој се бореше со Шон Вест на ЛФА 84, што се одржа во Дакота. Во размената на удари Салмон беше соборен, а Вест се засили и го удри со коленото додека Бостон сè уште беше на партер.

Вест избувна и почна да ја слави победата, но наместо да победи, беше дисквалификуван. Салман ја однесе победата, но ја плати со скршена јаболчната коска како резултат на овој недозволен удар. Од таборот на Бостон сметаат дека Вест заслужува дисциплинска казна покрај дисквалификацијата во борбата.

Еве како изгледа Салман по тешкиот удар:

https://www.instagram.com/p/CC6oewWHBAC/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО