Хабиб: Тато, ќе ми недостигаш. Ти ми беше татко, пријател и тренер во едно!

Хабиб Нурмагомедов неодамна доживеа семејна трагедија.

Таткото и тренерот на шампионот во лесна категорија во УФЦ, Абдулманап, почина поради компликации на срецто предизвикани од коронавирусот.

Нурмагомедов зборуваше за прв пат од смртта на неговиот татко.

„Тато, ќе ми недостигаш. Ти ми беше татко, пријател и тренер во едно. Ти ме научи сè што знам, се надевам дека беше среќен со мене“, напиша Хабиб.

Покрај тоа, тој цитираше пасус од Куранот, светата книга на исламот.

Неизвесно е кога Хабиб ќе се врати во октагонот.

Се очекуваше дека ќе може да ја одбрани титулата против Џастин Гejџи во септември, но сигурно е дека тоа нема да се случи. Според Вајт, тоа треба да се случи во октомври.

Тој сè уште не започнал со тренинзи, а неговиот тим верува дека би можел да се бори на крајот на годината.

https://www.instagram.com/p/CC9ZNgTsUhX/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО