АктуелноДруги вештиниТаеквондо
Седум медали за ТКД Феникс кик на „Зрењанин опен 2017“ (ФОТО)
Изминатиов викенд Таеквондо клубо9т Феникс кик од Скопје на Меѓународниот турнир „Зрењанин опен 2017“ освои седум медали со 9 натпреварувачи, од кои два се златни, четири сребрени и еден бронзен медал.
Со златни медали се закитија Дамјан Сандев во јуниорска и Стефан Димовски во пионерска конкуренција, а
Марио Богески, Лука Ангелов, Марко Грујоски и Иво Сандев (кадет) освоија сребрени, додека Давид Цеков (пионер) бронза.
Ipon.mk/В.Д.




