Каратистите на Кеикс од Скопје денеска освоија еден златен, два сребрени и четири бронзени медали на Меѓународниот турнир „Фунакоши Гичин опен 2017“ во Скопје.
Златниот медал го освои Бериз Куртановиќ, а сребрените Славе Ефремов и Таркан Саит, додека Салма Куртановиќ, Дин Масовиќ, Убејд Дураковиќ и Елиза Абдул се закитија со бронзи.
Ipon.mk/В.Д.