Кавадарци: Џудо семинар за тренери и нивно лиценцирање

Џудо федерацијата на Македонија и Џудо клубот „Кожувчанка“ во недела оддржуваат семинар за образование, едукација и лиценцирање на џудо тренери.

Семинарот ќе се состои од практичен и теоретски дел. На истиот ќе бидат разработени нови аспекти за џудо тренинзите и останати активности поврзани со џудо спортот во Република Македонија.

Семинарот ќе се оддржи во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци. Почетокот на теоретскиот дел е закажан за во 10 часот, а веднаш по неговото завршување ќе следи и практичниот дел.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО