Седум медали за џудистите на Сеишин на турнирите во Цетиње и Софија

Вчера на Меѓународен турнир во џудо „13-ти Ноември“ во Цетиње-Црна Гора, Сеишин со 7 натпреварувачи освои 5 медали – 3 златни, 1 сребрен и 1 бронзен медал.

На турнирот учествуваа околу 400 натпреварувачи од  4 држави: Македонија, Црна Гора, Косово и Хрватска, однсоно 38 клубови.

Резултати поединечно:

1.Немања Џагадуроски 1 во место
2.Тамара Илиоска 1 во место
3.Теодора Илиоска 1 во место
4.Марко Василески 2 ро место
5.Марко Ацески 3 то место

„Одлични борби прикажаа Марко Марковски и Марио Конески но не успеаја да изборат место на пиедесталот“, велат тренерите Мартин Ристески и Бојан Синадиноски кои се задоволен од постигнатите резултати.

Додека на Меѓународниот турнир на Локомотив од Софија во конкуренција на  околу 400 џудисти од Бугарија, Турција, Србија, Грција и Македонија џудистите на Сеишин со 4 натпреварувачи освоија два сребрени медали.

Резултати поединечно:

Матеја Николоска 2-ро место
Мила Здравеска 2-ро место

„Добри борби прикажаа Јана Ангелески и Арсениј Димески, но ги загубија борбите за бронзени медали“, информираше тренерот Марио Тошески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО