
Na Меѓународниот турнир „Хероините на Косово“ во Качаник, Косовом за девојчиња во У-12, У-15, У-17 и У-20 со учеснички од Франција, Бугарија, Кипар, Косово, Македонија и Албанија со над 100 девојки, борачките на Олимпија од Штип освоија 7 медали- 1 златен, 3 сребрени и 3 бронзени, а Јована Нисева е прогласена најтехничарка на турнирот.

Медалите ги освоија:
Јована Нисева (33 кг) златен медал со 4 победи и е прогласена за најтехничарка на турнирот, сите 4 победи се извојувани со технички туш.
Вероника зафорова – бронзен медал во категорија 36 кг,
Софија Коштанова – сребрен медам во категорија 36 кг
Викторија Манојлова (У-15, 40 кг) – сребрен медал
Јана Иванова (39 кг) – бронзен медал
Марија нисева (У-17, 66 кг) – сребрен медал
Анастасија Трајчева (У-17, 61 кг) – борнзен медал

„Доста добри борби се прикажаа на турнирот и добра организација на челните луѓе на Косовската боречка федерација. И сакаме да истакнеме дека имаше извонредна конкуренција“, велат од Олмпија.



