Седрик Думбе ударно ја почна ММА кариерата (ВИДЕО)

Поранешниот шампион во полусредна категорија на Глори, Седрик Думбе, го имаше своето совршено деби во светот на ММА.

Синоќа Камерунецот го одржа својот прв професионален ММА меч во Дубаи, победувајќи го Русинот Арби Емиев во главната бпрба на гала вечерта организирана од романскиот синџир Суперкомбат на која настапи и нашиот Даниел Стфаносвки и славеше против Мароканецот Маруни, но во К-1.

29-годишниот борец си ја честиташе победата откако го нокаутира противникот во првата рунда.

Африканецот покажа и вештини на теренот, успевајќи да се одбрани од два обиди за соборување. Се уште не е јасно против кого и кога ќе биде неговиот следен ММА меч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО