Се заврши конфузната ситуација во Балканец-денес примопредадени печатите

Zoran Sorov na OI

Стивнаа препукувањата легално-нелегално раководство на БК Балакнец од Штип. Во спортски дух, денеска имаше примопредавање на печатите на Боречкиот клуб Балканец од поранешното на сегашното раководство откако Централниот регистер на Македонија го призна вонредното Собрание и како претседател го запиша Марјан Атанасов. Примопредавањето на функцијата го извршија Добре Маринков и сегашниот претседател, Марјан Атанасов.

Церемонијата мина во коректна атмосфера.
Денеска со работа започна и новиот шеф на Стручниот штаб на Балканец, трикратниот олимпиец и носител на две медали од ЕП во Велико Трнавa 1987 и Штудгард 1991 година, Зоран Шоров. Тој дополнително ќе ги одреди помошниците.

Ipon.mk/К.М.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО