Карлос Кондит, поранешниот шампион на ВЕЦ/WEC не се натпреваруваше повеќе од една година откако го изгуби од Демијан Маја со сабмишн. По оваа борба, Кондит јавно се запраша дали може да се натпреварува со најдобрите, а неговиот менаџер навести повлекување поради сомневања за повреда на мозокот.
Но сега изгледа дека Кондит е заинтересиран за друга борба. Борецот директно се сврте кон соборецот од УФЦ, Шон Шелби, и побара битка.
„Еј, Шон Шелби, како си ти, големецу? Чекам пресметка во декември или јануари … што велиш ти?”
Во средна категорија Кондит може да најде многу интересни противници како Роби Лоулер, Стивен Томсон, Хорхе Масвидал, Доналд Кероне, Рафаел дош Ањош и Мајк Пери.