Се враќа Јодсанклај, повторно се зборува за борбата со Буакав Банчамек (ВИДЕО)

Мај тај легендата Јодсанклај Фаертекс се враќа во рингот.

Кунлун фајт објави дека 32-годишниот Тајланѓанец ќе се врати на нивниот настан на 4 февруари против неименуван противник.

Веднаш по објавувањето на оваа вест се актуелизира приказната за борба со другиот тајландски великан БукавБанчамек.

Во април оваа година се појави веста дека новата организација Martialism Square планира борба меѓу Букав и Јодсанклај, и дека победникот ќе треба да му припаднат милион американски долари. Бидејќи Јод се пензионираше во јуни поради постојани проблеми со коленото, поради што ја пропушти целата 2016 година, приказната се стиши.

Јодсанклај се бореше четири пати во 2017 година. Ги нокутираше Саифулах Хамбахадов и Масуд Минаи, додека против Седрик Манхоеф,како и против Соичир Мијакоши во последната битка во мај славеше со одлука на судиите.

https://www.facebook.com/kunlunfc/videos/1475175805935106/

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON