Се уште има ’бомби’ во рацете: Погледнете како 57-годишниот Тајсон уништува фокусери на тренинг! (ВИДЕО)

И покрај неговата возраст, „Железниот Мајк“ сè уште има импресивна моќ на удар и експлозивност.

При спомнувањето на името на Мајк Тајсон повеќето боречки фанови при првата асоцијација веројатно помислуваат на неверојатна моќ на удар и речиси надреална експлозивност. На врвот на кариерата „Железниот Мајк“ ги поминуваше противниците како булдожер, соборувајќи ги со силни удари и експлозивни серии, а дека и денес, со 57 години на грбот, се уште поседува импозантна експлозивност и „ бомби“ во рацете – докажува видеото кое изминативе денови кружи на социјалните мрежи.

Видеото првпат го објави бразилскиот ММА тренер Рафаел Кордеиро, основач на Кингс ММА џим (Хантингтон Бич, Калифорнија, Соединети Американски Држави), низ чија сала поминале многу истакнати борци, меѓу кои и шампионите на УФЦ Андерсон Силва, Маурицио „Шогун“ Руа, Фабрицио Вердум, Лиото Мачида и Рафаел дос Анчос. Токму Кордеиро го подготвуваше Тајсон за егзибициски меч со Рој Џонс Јуниор во 2020 година, а се чини дека тандемот повторно тренира заедно. Иако предметното видео е долго само 11 секунди, покажува дека Тајсон сè уште има моќен удар и фасцинантна експлозивност – особено за 57-годишен маж. Можете сами да се уверите во следното видео.

Во блиска иднина треба да дознаеме дали се работи само за рекреативни тренинзи, или подготовки за нов егзибициски меч на Тајсон, можеби оној против Федор Емелијаненко за кој сериозно се преговара.

https://twitter.com/MichaelBensonn/status/1757890665613008993?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1757890665613008993%7Ctwgr%5E6f64ae72507dfb752cdc710adf0900e806959151%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Ffightsite.hr%2Ffightsite%2Fk1-i-boks%2Fvideo-jos-uvijek-ima-bombe-u-rukama-pogledajte-kako-57-godisnji-tyson-unistava-fokusere-na-treningu-15429013

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON