Се прекинаа олимписките квалификации во Лондон

По вечерашните мечеви се прекинуваат се олимписките квалификации во Лондон.

Одлуката е донесена денес заради ескалацијата на кризата со коронавирусот.

Засега оставрените резултати остануваат и турнирот би требало да продолжи во друг термин, евентуално во мај.

За мај во Париз се планирани последните светски квалификации.

„Поради најновите промени во ситуацијата со коронарнавирусот и зголемената загриженост за благосостојбата на спортистите, службениците, персоналот и волонтерите, работната група на Меѓународниот олимписки комитет донесе одлука да го откаже остатокот на олимписките квалификации „Патот до Токио““, се вели во официјалното соопштение.

„Одлуката е донесена во текот на се поиголемите ограничувања за патување и мерките карантин кои влијаат на плановите за патувања на спортистите и националните тимови“.

Прво е одлучено натпреварувањето во понеделник (денес) да се одржи без гледачи, а оваа одлука за откажување ќе предизвика огромни финансиски трошоци на федерациите кои плаќаа за подготовките, скапите сместувања, авионските билети и такси за регистрација на квалификацискиот турнир.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON