Се повреди Конор Мек Грегор (ФОТО)

Се чини дека Конор Мек Грегор се повредил на тренинг.

Поранешниот шампион на УФЦ во две тежински категории на Инстраграм објави фотографија со својот лев палец во завој.

„Интензивниот тренинг и спаринг. Секогаш ќе туркам до граница. Ова се спушта и туркам понатаму. Вистински Дон. Ништо нема да ме спречи“, напиша под сликата.

Во март Ирецот по втор пат објави повлекување од ММА, но малку кој таа објава ја сфати сериозно.

Последен пат се бореше во октомври минатата година кога беше поразен со сабмишн во четвртата рунда од Хабиб Нурмагомедов во борбата за титулата на УФЦ во лесна категорија.

https://www.instagram.com/p/Bx2bVJ8Iw1q/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО