Се планира меч за обединување на титулите меѓу Бетербиев и Бивол на стадионот во Санкт Петербург

Во Русија ова лето се планира меч за обединување на титулата светски шампион во полутешка категорија.

Доколку се договорат непоразениот шампион на ВБЦ и ИБФ, Русинот Артур Бетербиев (15-0, 15 КО) во август на стадионот во Санкт Петербург кој прима 68.000 гледачи, треба да се бори и со непоразениот шампион на ВБА во категоријата 79,4 килограми, сонародникот Дмитриј Бивол (17-0, 11 КО).

„Побарав да разговарам со промотерите на Бивол за борба во август во Санкт Петербург“, рече Умар Кремлев, генерален секретар на Руската боксерска федерација.

За да се случи оваа борба, Бетербиев треба прво да ја надмине следната пречка. 35-годишниот нокаутер на 28 март во Квебек Сити се бори против непоразениот Кинез Фанлонг Менг (16-0, 11 КО).

https://www.youtube.com/watch?v=pk1fkrozkk4&feature=emb_logo
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО