Според пишувањата на медиумите од Англија, светскиот шампион во тешка категорија Тајсон Фјури паднал на допинг тест, бил позитивен на кокаин.
Фјури неделаva беше во центарот на вниманието откако ја откажа борбата со Владимир Кличко и е под закана да ги загуби титулите.
Според англиските медиуми, сега е во многу поголеми проблеми.
Последните информации велат дека тој паднал на допинг тест направен на 22. септември, еден ден пред да соопшти дека се повлекува од реваншот со Bладимир Кличко.
Се шпекулира дека Тајсон Фјури бил позитивен на кокаин.
Доколку ваквите стории се покажат како точни и Тајсон Фјури навистина користел дрога, боксерот ќе остане без титулите.