Александер Воклков дебитира во УФЦ

aleksander-volkov

Поранешниот шампион на Белатор во тешка категорија Александер Волков стана дел од семејството на УФЦ. Тој ќе го има дебито на УФЦ Фајт најт 99 во Белфаст на 19 ноември.

Ривал на рускиот борец ќе му биде Тимоти Џонсон.

27-годишниот Волков дебитираше во Белатор во 2012 година, освојувајќи го турнирот во тешка категорија и шампионската титула, победувајќи го во финалето Ричард Хејл. Следната година го загуби појасот против Витали Минаков.

Потоа освои уште еден турнир на Белатор, но во последните два меча имаше пораз. Откако го напушти Белатор, тој е со две победи од два меча.

Александер Волков е единствениот борец до овој момент кој успеал да забележи победа над Бугаринот Благој Иванов кој е светски правак. Тоа се случи на 17 мај 2014 година.

https://youtu.be/hfA0D0g1w9U

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО