Се одржа семинарот од проектот на Европската џудо федерација „Подобри го својот клуб“

Вчера и денеска се одржа првиот семинар од проектот на Европската џудо федерација „Подобри го својот клуб“.

Организатор на овој семинар беше Џудо федерацијата на Македонија со цел подобрување на работата на тренерите во македонските џудо клубови. Предавач на семинарот кој се  оддржа во спортскиот центар Кале во Скопје беше Фредерик Демонфакон, ЕЏУ експерт од Франција 7 дан, кој е и лидер на проектот „Подобри го својот клуб“. Покрај Демонфакон на семинарот  беше присутна и Џејн Бриџ 8 дан, потпретседател на Европската џудо унија.

Согласно агендата, Демонфакон  оддржа четири сесии практична работа со македонските тренери на кои темата беше работа со џудисти на возраст од 12 до 14 години. За разлика од Демонфакон кој своите знаења и искуства  ги пренесе на татамите, Бриџ ги информира македонските тренери и клубови за тековните и идни проекти на ЕЏУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО