XLVI. Лорд куп, традицијата продолжува да живее, карате спортот во Македонија заведе уште еден успешно реализиран натпревар кој се одржа на 22 мај 2021 година.
Еве втора година како оваа традиција се одржува под исклучителни околности.
Светската пандемија направи пустош на стопанствата, а неизоставно беше да претрпи и спортот. Посебно малите и индивидуалните спортови како што е каратето.
Условите не дозволуваа нормални тренинзи, но и стравот на родителите за здравјето на своите најмили да доведе до опаѓање на бројот на членови по клубови, а бројни клубови воопшто не успеаја да ја возобноват својата активност.
Под такви исклучителни непогодни околности се реализира 46, Лорд куп 2021 во салата на Спортскиот центар Автокоманда.
Покрај пред малки спомнатите тешки околности за организација, се надоврза и обврската да нема публика што извесен број родители, заради скепса или други причини не прифатија да ги пуштат децата на натпревар со оглед на возраста за која е турнирот.
Таквата непогода влијаеше и врз клубовите од опкружувањето на Македонија, клубови кои вообичаено земаа учество, ја откажаа својата првобитна намера да дојдат со своите каратисти.
Во согласност со протоколите пропишани од офоцијалните државни институции, Агенцијата за млади и спорт на Македонија, и протоколите пропишани од Карате федерацијата на Македонија, се организира 46. Лорд куп 2021. При влез на секој во салата, беше мерена телесна температура, потоа дезинфекција на рацете и обувките.
Беше направена и часовна динамика на влегување на натпреварувачите. Тоа значеше нивно селективно влегување во четири групи по возраст. На тој начин беше елиминирана секаква сомнеж за било каква несакана инфекција на поголема група.
Секој учесник доби: налепници со симболот на овој натпревар, две мали тетратки А5 формат, една голема тетратка А5 формат, учесничка диплома, примерок од издадената книга Римолетки и ваучер со 30% попуст во Х-стор продавницата за сувенири.
Шеесетината натпеварувачи, храбро ја демонстрираа својата техника како претставници на осум клубови од Македонија за освојување на еден од осумте карате оскари.
Задоволството на сите беше очигледно со оглед на реално избраните победници кои заминаа со освоените карате оскари.
Во одредувањето на победниците во поединечна и екипна конкуренција учествуваа Зорица Панчиќ – актер, Дипл. Инж. Вера Драговиќ Мицевска и Др. Перо Костанчев.
Како најуспешно изведени кати во поединечна конкуренција беа следните натпреварувачи по категории:
За 2014/13 година прогласени оскаровци
Софија Мисајловска КК Ѓорче Петров, Скопје – во женска конкуренција
Андреј Самоиленко од КК РИС од Скопје – во машка конкуренција
За 2012 година освојувачи на оскари беа
Деа Велеска од КК Ѓорче Петров, Скопје – во женска конкуренција
Давид Митевски /КК Куманово75 од Куманово– во машка конкуренција
За 2011 година оскаровци беа
Ева Цветковска од КК Куманово75 од Куманово– во женска конкуренција
Петар Николовски / КК Куманово75 од Куманово–во машка конкуренција
За родени 2010 година титулите ги понесоа
Теа Гаќидова од КК Ѓорче Петров, Скопје – во женска конкуренција
Благоја Мисајловски од КК Ѓорче Петров – во машка конкуренција
Во екипна конкуренција се постигнаа следните резултати:
За 2014/2013/2012 година најуспешни екипи
Карате клуб ГЕВГЕЛИЈА од Гевгелија во женска конкуенција и исто така
Карате клуб ГЕВГЕЛИЈА од Гевгелија во машка конкуренција
За 2011 и 2010 година најуспешни екипи
Карате клуб СКОПЈЕ од Скопје во машка конкуренција и
Карате клуб АЕРОДРОМ од Скопје во женска конкуренција
Во чест на прославата на 50 годишнината од формирањето на првиот карате клуб во Македонија, Карате клубот Мирче Ацае и формирањето на официјалната карате организација, Карате сојузот на Македонија / сега Карате федерација на Македнонија, Македонското другарство на вадо карате мајсторите беа доделени 20 специјални ордени. Овие ордени беа доделени на лица кои го започнаа своето карате спортување во почетните години и оставија белег во спортот.
Самиот одрен на реверсот е со текст кој ја отсликува годишнината од пред малку спомнатите моменти.