Се наѕира трилогија Волкановски – Холовеј

Макс Холовеј изгледа си го заслужи правото по трет пат да се соочи со Александар Волкановски. „Блажениот“ утрово во вистински спектакл го победи Хаир Родригез, а неговиот настап потсети на најдобрите денови на поранешниот светски шампион во перо категорија.

Успехот е втор по ред за Холовеј во октагонот на УФЦ по два последователни порази од Волкановски. Ова го натера шефот на најголемата организација за ММА – Дaна Вајт, да размисли дали наскоро да организира трет меч меѓу двајцата.

Запрашан дали ова е следниот меч, тој одговори: „Да, дефинитивно. Ова е една од битките што треба да се води. И двете борби беа многу блиски, влакно ги делеше. Макс заслужува шанса да си го врати појасот, со оглед на неговите перформанси сега“, рече Вајт.

Тој категорично ја отфрли опцијата за битка помеѓу Холовеј и Конор Мек Грегор. Самиот Макс побара ваков меч, но разликата во килограмите е премногу сериозна.

„Мислам дека никогаш нема да има таква средба. Не гледам поента. Наместо тоа, треба да ја направиме трилогијата со Волкановски, бидејќи тие имаат незавршена работа. Можеби е 2-0 за Алекс, но двајцата се навистина многу блиску во нивото“, изјави Вајт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON