Се крчка средба Мир-Арловски

frank_mir

Се уште официјално не е потврдена информацијата, но, по се изгледа, се подготвува меч меѓу Френк Мир и Андреј Арловски на УФЦ 191. Настанот е закажан за 5 септември во Лас Вегас, а репортерот, Ариел Хелвани, прв ја објави веста.

„УФЦ планира средба меѓу Френк Мир и Андреј Арловски на УФЦ 191. Ќе видиме дали ќе дојде до договор. Тие контактираат и со Алистер Оверем. Тој сака да го почека Жуниор дош Сантош да се опорави од повредите. Дош Сантош рече дека ќе е подготвен во декември или јануари“.

Мир и Арловски имаат кариери во тешката категорија. Мир доаѓа е со две победи со нокаут, а Арловски е со три последователни триумфи по враќањето во УФЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО