Се крчка нов натпревар меѓу Владимир Кличко и Александар Поветкин и се смета дека е неизбежен. Ова го објави менаџерот на Русинот, Андреј Рјабински. Двајцата се бореа точно пред една година во Москва, притоа Кличко победи на поени.
„Меч со Кличко е неизбежен, тоа е сигурно. Единственото прашање е кога ќе се одржи“, рече тој, по што додаде дека преговорите за нова средба ќе проминат многу лесно за Поветкин.
Тоа ќе се случи, под услов, Кличко да го освои единствениот појас што му недостасува – во верзијата на ВБЦ (WBC).
„Саша, постепено, ќе стане задолжителен кандидат за WBC, тогаш преговорите ќе одат многу полесно. Невозможно да бегаш до бесконечност од задолжителниот кандидат во неколку верзии“, додаде Рјабински.