АктуелноМеѓународна сценаММА

„Се истрчав и никогаш повеќе не гледав со тоа око“ – Мајкл Биспинг со предупредување до Том Аспинал

Легендата на УФЦ, Мајкл Биспинг, проговори за претстојната операција на очите на шампионот во тешка категорија Том Аспинал, кажувајќи остро предупредување врз основа на сопственото болно искуство.

Биспинг, кој се натпреваруваше на највисоко ниво многу години со сериозно оштетен вид, проговори за тоа како неговото брзо враќање од операцијата довело до неповратни последици.

„Ми ја вратија мрежницата откако се одвои во борбата со Витор Белфорт. Потоа повторно се одвои, повторно ја поправија, а потоа се појави глауком. Кога ќе почнете да ја потценувате траумата на вашите очи – или на кој било дел од вашето тело – ништо не е исто“, рече Биспинг.

Поранешниот шампион нагласи дека иако медицината денес напреднала, ризиците остануваат огромни, особено кога станува збор за видот.

„Медицината напредна, но во мојата кариера не можеше да ме спаси. Тие направија сè што можеа, но на крајот ослепев на едното око. Има едно нешто што никогаш не треба да го правите со око – да се вратите прерано. Тоа е најголемата лекција што ја научив. Се вратив прерано и никогаш повеќе не гелдав со тоа око“, рече Биспинг.

Неговите зборови доаѓаат додека Аспинал се подготвува за операција на две очи по сериозните проблеми предизвикани од нелегалните удари со прсти во неговата борба со Сирил Гане. Иако Британецот е млад и во цветот на својот живот, предупредувањето на Биспинг јасно става до знаење дека ништо во спортот не е поважно од долгорочното здравје.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON