И бокс мечевите се обременети со политика, односно полтички пораки. Така, некои љубители на благородната вештина истакнаа транспарент на мечот во полутешка категорија меѓу Енцо Макаринели и Рој Џонс – Јуниор.
На транспарентите ги напишале следните зборови: „Крим е Русија, Украина е Русија, Аљаска е Русија, сè е Русија освен Косово. Косово е Србија“.
Сликата од транспарентот веднаш беше распространета на социјалните мрежи и стана исклучително популарна во Србија, каде што Косово е болна тема, но и доста непријателски примена во Косово и Украина.
https://youtu.be/bb5hIWSPOks