Се е подговено за Европското шотокан првенство, утре 1500 каратисти ги почнуваат борбите за медали

Надминати се очекувањата на организаторот за Европското карате шотокан првенство во Скопје (во Борис Трајковски/А1 арена) од 1 до 3 ноември, бидејќи се привајени над 1500 натпреварувачи од 20 земји.

Поголем дел од репрезентациите се престигнати во Скопје, а денеска се очекува и доаѓањето Франција, Украина, Албанија, Хрватска, Кипар и Грција.

Од вечера  во Скопје се наоѓаат и потпретседателите на Светската штокан федерација Хајретин Хамурџу и Кака Василја и генералниот секретар Ерџумент Ташдемир.  На свеченото отворање во сабота ќе присуствува претседателот на Светската шотокан организација Есад Делихасан, кој е и претседател на Турската и на Балканската ВКФ федерација.

Се е подготвено започнување на Европското првенство, истакнува организаторот.

Денеска се одржува полагање за судии, 60 од останатите земји и 10 од Македонија.

Утре натпреварите почнуваат од 9 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО