Се договара уште една голема борба во лесна категорија меѓу Бенеил Дариуш и Дастин Пориер

Oткако е договорена борбата за шампионот на УФЦ во лесна категорија меѓу Чарлс Оливеира и Ислам Махачев, во таа дивизија се подготвува уште едно уживање.

Имено, промоцијата сака да договори пресметка меѓу Бенеил Дариуш и Дастин Пориер.

Дариуш пред неколку недели ја откажа борбата против Махачев поради повреда на грбот со која се здоби на подготовките.

Дагестанецот така доби шанса без борба да се бори за титулата.

Пориер има желба да се бори со Нејт Дијаз или Колби Ковингтон, но нема да биде важно дали ќе договори меч против Дариуш.

Дастин моментално е второрангиран, а Бенеил е шесто рангиран меѓу предизвикувачите во лесна категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО