Се очекуваше со промената на раководството во Федерацијата на боречки спортови на Македонија (ФБСМ), додуша поголем дел се од старото, предоводено од бизнисменот Ванчо Чифлиганец борењето ќе добие ветар во грбот и ќе тргне напред.
По катастрофалниот настап на нашите борачи на Светското првенство во Лас Вегас, САД, на кое се обезбедуваа визи за Олимпијадата во Рио 2016 година, кои на вкупно пет борби забележаа исто толку порази, од кои три се со технички туш. Или 44-1 во поени за нашите противници. Единствениот поен го освои Данов, и тоа како казнен поен. Митров и Зубаиров беа повредени, но тоа не ја намалува одговорноста на никого.
Борачите во медиумите максимално беа искритикувани. Но, сега со право велат дека не може со неколку тренизи пред натпреварите да се бараат олимписки норми. Претстојат квалификациските турнири во март и април за преостанатите места за ОИ 2016, од кои едниот е во Зрењанин, Србија, а досега никој не им кажал ништо на борачите кандидати за Игрите во Рио кога ќе почнат со подготвките, додека конкуренцијата веќе на големо се спрема.
Бидејќи сите се искусни боречки работници, а тоа го знаат од минатото, зачудувачки е зошто никој не се огласува и не го соопштува планот за подготовки, иако на двете собранија, вонредното и редовното, се кажаа големи зборови и идеи и по неколку пати се нагласуваше враќањето на старите патеки, односнои освојувањето на медали.
За жал, иако го знатете патот, вака не се враќа на патеките на успехот. Од друга страна, пак, некако се игра со личните желби, а не со зацратните проекти, како одржување на двата турнира за добивање на сениорски екипен правк на Македонија; состојбата во БК Балканец на никого не му одговара, која не смее да биде сопка за чекорите на ФБСМ. Значи, без силни клубови, почнувајќи од сениорска конкуренција, без екипен шампионат кој е магнет без публиката и желбата да се стигне до врвот-нема трофејно борење.
Дали сме пред нов избор во ФБСМ? Тоа значи ново пролонгирање на агонијата, а враќањето на старите патеки ќе почека.
Ipon.mk/В.Д.
.