Виталиј Кличко за реваншот: Шоуто ќе продолжи!

Vitalij i Vladimir klicko po mecot so Fjuri

Виталиј Кличко потврди дека ќе има реванш меѓу Владимир Кличко и Тајсон Фјури. Натпреварот ќе се одржи во 2016-та, но допрва ќе има преговори за датумот и местото на настанот.

„Шоуто ќе продолжи“ – рече постариот брат, кој во моментов е градоначалник на Киев.

„Љубителите се навикнати да гледаат како Владимир победува на сите натпревари. Но следниот дуел ќе генерира огромен интерес. Многу експерти рекоа дека не можеле да го познаат Владимир во саботата вечер. И јас мислам на ист начин, бидејќи Владимир е еден од најпознатите надарени боксери на планетата. Обично тој е во добра форма и се бори тактички. Сега не беше добар ниту кондиционно ниту технички. Ќе зборуваме за причините подоцна, нема да ги разгледуваме сега. Само ќе забележам дека уште не сме го виделе неговиот голем потенцијал“.

Од таборот на Тајсон Фјури веќе објавија дека прифаќаат реванш меч, но на Вембли во Лондон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО