Сатоши Иши со Кро Кап покрај себе салвеше во дебито за ФФЦ

Сатоши Иши (16-8-1) во главната борба на ФФЦ 30 во Линц со сабмишн го победи Бјорн Шмидеберг (12-7-1).

Јапонцот во овој меч влезе со само една победа во последните пет натпревари.

Германецот отвори со внатрешен низок удар, а по една минута од борбата Иши го фрла преку колкот и го праќа до партер. Иши бараше шанса за завршување на борбата и ја најде по три минути од мечот.

Ишии моментално живее во Загреб и тренира кај Мирко Филиповиќ кој беше позади него во аголот.

Во кик бокс делот Само Петје во мечот до72 килограми со едногласна одлука го победи Романецот Едуардо Челари.

Teo Микелиќ на ист начин славеше против Австриецот Томас Лајтнер во својот втор меч во последната недела, додека Шкодран Весели со прекин во втората рунда со прекин го порази Гркот Димитриос Чиотис.

ФФЦ 30:

бокс:
Хрвоје Сеп – Леван Лукуташвили (едногласна одлука)

ММА:
Сатоши Иши – Бјоерн Шмидеберг (сабмишн, кимура, Р1)
Филип Пеиќ – Фабијано Силва (ТКО, Р2)
Иван Витасовиќ – Масуд Ранбар (ТКО, Р2)
Стјепан Брчиќ – Давор Матиќ (сабмишн, кнебур, Р1)
Лука Ќурковиќ – Селим Топуз (сабмишн, давење од позади, Р2)

кик бокс:
Шкодран Весели – Димитриос Чиотис (ТКО, Р2)
Само Петје – Едуард Челари (едногласна одлука)
Рене Виммер – Будимир Бајбиќ (ТКО, Р1)
Мелетис – Ѓорѓи Базанов (ТКО, Р3)
Тео Микелиќ – Томас Лајтнер (едногласна одлука)
Маркус Еренхофер – Бенјамин Масуди (едногласна одлука)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО