Сашко Мирчевски: Со 17 години се бореа како искусни ММА борци и нивното време доаѓа!

Nokautot na Blaze dardov

По забележителниот успех на борците Борче Талевски и Блаже Дардов на Муња фајтинг чемпионшип (МФЦ), при што Талевски го совлада искусниот хрватски борец Ивица Трушчек, а Дардов го забележа историскиот нокаут за 4 секунди по кој го запозна целиот регион, тренерот на ММА Професионал нинџа тим, Сашко Мирчевски, го анализира настапот на своите борци.

„За турнирот за Загреб можам да кажам дека поминавме одлично. Имавме две победи и еден пораз. За моите борци ова беше отскочна штица во ММА водите, како што им кажував. Премногу млади, со по 17 години демонстрираа борби како искусни ММА борци. Отсекогаш им говорев дека јас, како инструктор, верувам само во правилен тренинг кој е подкрепен од школа која има правилна програма. Тоа и се докажа на дело многу пати“, вели Мирчевски.

Sasko Mircevski so Bob sap

Тој вели дека во првата нивна борба, односно Блаже Дардов, го имал потегот на вечерта.

„Добро работевме со него на неговото најсилно оружје – рачната техника и се покажа дека не погрешивме. Имаше 9 кг потежок противник, размислувавме дали да ја прифатеме борбата. Сепак, кај нас во ММА Нинџа тим, тоа што го градиме има кодекс базиран на храброст, решителност, желба за борба со кој било противник, ја прифативме борбата и нашиот борец го нокаутира противникот со еден удар за 4 секунди“, истакнува нивниот тренер.

Borce Talevski so znameto na mFC

За втора борба на Филип Божиновски кој се бореше со 12 години повозрасниот противник Матија Блажичевиќ од Американ топ тим, Мирчевски нагласува дека тој е име во ММА кое само еднаш е поразен со ТКО, а сите други порази се судиска одлука. Сето ова кажувало колку е тој претпазлив борец, подготвеен да се бори со тактички елементи.

„Во првата рунда го искористи своето искуство, најмногу зададе удари со нога и неколку рачни, со што ги собра поените од судиите. Во втората рунда Филип тргна на уривање, при што успеа и имаше поени од тејкдаун. Успеа да биде во топ позиција во поголемиот дел од рундата, но, сепак, искусниот противник не дозволи изненадување во една позиција во која Филип  беше блиску да го заврши со давење од позади.

Филип ја заврши борбата без никаква гребнатинка, апсолутна без болка, но, ете, ја загуби борбата“, посочува Сашко.

Filip Bozinovski MFC borba

За третата борба на Борче Талевски, која беше коглавна на МФЦ и ја шокираше хрватската јаност, според тренерот Миречевски таа била атрактивна со отворен гард од двете страни.

„Тактикта на брзо рушење му успеаа на Борче уште на почеток на борбата, кога го собори Трушчек на земја. Во еден момент Трушчек се извлече и дојде во топ позиција да зададе уадари. Благодарение на партерните техники кои ги поседува Талевски се извлече и дури тргна во контра за хил хук, од што Трушчек за малку успеа да се извлече. Потоа продолжија во стенд-ап, а Борче зададе страчни удари со кои го истроши Трушчек. Во втора рунда буквално го прегази, задавајќи удари. Имасе преку три позиции на давење, позиција за армбар, при што противникот успеа да се извлече. На крај, убедливо ја добивме борбата со судиска одлука.

Во целост мојот ММА Нинџа тим се покажа добро и како што очекував. Доминираа со физичката подготвеност“, заклучува Мирчевски.

Тој нагласува дека во иднина ќе се подобруваат технички и ќе бидат едни од најдпбрите балкански ММА борци.

„Сепак, ова е нивниот почеток во ММА, каде што собираат искуство. Нивното време доправа доаѓа. За скоро време уште едно до две нови имиња ќе вклучам во ММА профи тимот. И со пет профи борци од мојата школа ќе бидеме доста сериозни спортски амбасадори на нашата Македонија“, категоричен е Мирчевски,  при што најавува нови борби за кратко време.

Битолските борци со легендарниот Боб Сап
Битолските борци со легендарниот Боб Сап

Веднаш продолжиле со тренинизи за да се подоготват за следните битки.

„Во ова интервју морам да го спомнам и Дејан Стефаноски, нашиот најдобар ММА борец кој многу ни помогна за овај турнир, поврзувајќи не со организаторите на МФЦ во Загреб.

Голем човек, екстра борец, кој насекаде ја претставува нашата Македонија“, вели Мирчевски.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО