Сашко Арсовски: Успеавме! Ова ни беше целта! Бравос Емил!

Во Штип и во КК Штип, матилниот клуб на Емил Павлов, се слави пласманот во финалето на Светското карате првенство во Дубаи. Павлов во сабота ќе се бори за светската титула против Французинот Стивен Дакоста.

Павлов извојува пет победи, а во полуфиналето славеше против Мартиал Тадиси од Унгарија 3-3, бидејќи прв освоен поен.

Емил е третиот штипјанец/ Македонец што се бори за медал на светско првенство.

Неговиот учител и до пред СП селектор на карате репрезентацијата, Сашко Арсовски, по пласманот во финалето реагираше:

„Успеавме! Ова ни беше целта! Бравос Емил“!

Учителите на Емил се бореа за медал, од кои еден се закити со бронза. Прво Сашко Арсовски во 2004 година во Мексико во апсолутна категорија се бореше за бронза и загуби. Но петтото место до 2010 година беше најдобриот пласман на еден македонски каратист на светските првенства во независна Македонија. На СП во Белград 2010 година, неговиот брат, исто така учител на Павлов, Жарко Арсовски го освои историскиот бронзен медал.

На СП ќе настапат 1054 натпреварувачи од 117 држави.

Резултати Светско првенство:

-67 кг
Емил Павлов – Матеј Хомола (Словачка) 4-3
Емил Павлов – Садридин Сајматов (Узбекистан) 3-0
Емил Павлов – Абдалах Хамат (Јордан) 3-1
Емил Павлов – Али Елксави (Египет) 4-1
Емил Павлов – Мартиал Тадиси (Унгарија) 3-3
Финале
Емил Павлов – Стивен Дакоста (Франција)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО