Сара Радичевска ја однесе нашата репрезентација во борбата за бронзениот медал на Светското универзитетско првенство во Брага – Португалија.
Таа е јунакот на борбата во репасажот со Велика Британија, бидејќи резултатот беше 1-1. радичевска ја совлада многу поголемата и потешка противничка од себе со 3-0, однонсо победата ја извојува со ипон.
Наташа Стефановска одлично се избори во првата борба и победи со 3-1 (1-0, 1-1, 2-1 и 3-1), а Симона Заборска загуби во втората борба со 3-1 (1-1, 1-2 и 1-3).
Во борбата за бронзениот медал нашите каратистки ќе се сретнат со репрезентацијата на Норвешка во сабота на 13 август.
Претходно Македонската студентска карате репрезентација во борби екпино извојува две победи против Мексико 2-1 и Словачка 1-0, а за пласман во полуфиналето беа поразени од студенстката репрезентација на Египет исто така со 1-0.
За нашата репрезентација настапуваат Наташа Стефановска, Симона Забосрка, Сара Радичевска и Моника Стефановска.
Да потсетиме дека во поединечна конкуренција Наташа и Симона ќе се борат за златниот медал, а Сара за бронзениот.
Ipon.mk/В.Д.