Сара Радичевска е европски студентски шампион!

Сара Радичевска (-50 кг) е европски студентски шампион во карате.

Радичевска (Макпетрол) во финалето на Европското универзитетско првенство во Коимбра, Португалија, ја совлада Португалката Леал Сара со 8-0, а вчера во полуфиналето беше подобра од Елиф Озгеј од Турција со судиско изјаснување по 0-0.

„Јас во ниту еден момент не дозволив да има сомнеж дека овој пат ќе бидам носител на златниот медал. Успеав да пласирам две извонредни ножни техники во пределот на главата на мојата противничка и поведов со резултат 6-0,  потоа рутински го доведов финалниот натпревар до крај. Многу сум среќна што станав европска шампионка за 2017 година“, рече Радичевска по освојувањето на медалот.

Исто така и Петар Заборски (-75 кг) денеска се бори за златниот медал против фаворизираниот Португалец Де Пина Родриго Мацедо, додека пак Наташа Стефановска (-61 кг) со Морено Наијара Шпанија  се борат за бронзата.

Женскиот тим во борби се пласира во финалето и ќе се бори за златниот медал против екипа од Финска – Универзитетот Турк.

Нашите каратисти настапуваат за Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје.

Во Португалија има 220 спортисти од 108 универзитети од 30 држави.

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО