Сантијаго Понзинибио со претседателот на Аргентина

Од неодамна стана вообичаени борците да се сретнуваат со претседателите на нивната земја кога ќе забележат голема победа. На почетокот на оваа година тоа го направи Колби Ковингтон, кој успеа даја освои привремената титула во полусредна категорија и да отиде на средба во Белата куќа со Доналд Трамп. Неколку месеци подоцна Хабиб Нурмагомедов успеа да го победи Конор Мек Грегор, а потоа се сретна со Владимир Путир, Ердоган и Кадиров. Денес, уште еден борец на УФЦ изјави дека се сретнал со претседателот на неговата држава. Сантијаго Понзинибио го предводеше настанот во Аргентина и успеа да го нокаутира Нил Мањи, а денес се состана со претседателот.

„Воодушевен сум од признанието на претседателот на мојата земја. Горд сум што ги претставив боите на моето знаме на светската сцена и помогнав да го развијам овој спорт во мојата родна земја“.

Понзинибио влезе во серија од 7 последователни победи и се приближи до титулата во полусредна категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО