Сансаи Метал Апостолов е најдобар клуб на 49. „Лорд луп“, следат Форца и Шкендија

Сансаи Метал Апостолов е најдобар клуб на 49. Меѓународен карате турнир „Лорд луп“, потоа следат Форца и Шкендија.

Натпреварот со најдолга традиција во Македонија се одржа по 49-ти пат во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.


За најбројната екипа на КК Беса од Слупчане припадна оскарот кој ќе ги краси витрините на клубот.

За долгогодишното пријателство и соработка, организаторот додели карате оскар на спортскио портал Ипон.мк, а Благодарница на неговиот основач и одржувач Венцо Донев.

На натпреварот зедоа учество каратисти од Романија, Бугарија и Косово кои со своето присуство го збогатија амбиентот. Над двестете учесници како претстаници на 23 клубови, направија 293 настапи во конкуренција за медали и оскари во дисциплините екипно кати, поединечно кати и борби.

Турниорот се одража под мотото: парите не се најважни – детската радост нема цена.

„И навистина тоа и се доживуваше кај учесниците кои при излезот за церемонијата на отворање на Купот добиваа кроасан за добредојде, по една голема и мала тетатка, учесничка диплома и етикета со симболот на овој настан. Да спомнеме, годинашниот симбол е посветен на 80 годишнината од првото заседание на АСНОМ во 1944 година“, вели организаторот Димче Јанковски .

Лорд куп ги поздрави присутните и за отворен го прогласи градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

Овој турнир своите почетоци во 1976 година ги почна во тогашното училиште Иван Горан Ковачиќ, денес со име Петар Поп Арсов во Општина Карпош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON