Сандра Санчез влезе во Гинисовата книга на рекорди

Шпанката Сандра Санчез доби признаена од Гинисовата книга на рекорди за нејзиниот историски настап на Карате 1-Премиер лигата. Актуелната светска шампионка и лидер на светско рангирање го доби признанието на церемонијата во присуството на претседателот на ВКФ Антонио Еспиноз.

Гинисовите светски рекорди, глобалниот авторитет за уривање на рекорди и оддаде признание на карате ѕвездата Сандра Санчез од Шпанија за нејзината успешна кариера во Карате 1-Премиер лигата. Церемонијата се одржза завчера во Мадрид, при што шпанската каратистка го доби признанието од претседателот на ВКФ Антонио Еспиноз.

„Не постои тајна да се освојат толку многу медали. Барем, така мислам, не знам. Тоа е само прашање на тренинг, тренинг и напорна работа. Навистина е убаво што го добив ова признание. Отпрвин, кога слушнав за тоа, не можев да поверувам. Само што отидов: Имам рекорд! Имам рекорд!“, рече Сандра Санчез на церемонијата.

Бранителката на светската титула во кати за жени, Сандра Санчез забележа рекорден учинок во Карате 1-Премиер лигата. Петкратната европска шампионка освои 35 последователни медали во Карате 1-Премиер лига, освојувајќи почести на сите турнири од првокласната серија настани во каратето од јануари 2014 година.

Следејќи ја оваа извонредна изведба, Гинисовите свестски рекорди ја призна Санчез како спортист со најмногу освоени медали во највисокото натпреварување во каратето. Признанието ја продолжува импресивната листа на почести на Шпанката, бидејќи Санчез е актуелна светска шампионка, бранител на титулата европски првак, број еден на Светската ранг-листа на ВКФ и на Олимпискиот поредок во карате и сегашен сопственик на наградата Голем победник (Гранд винер).

„Сандра Санчез ја претставува – како што прават многу други каратисти – силата на нашите вредности, како што се издржливоста, посветеноста и надминувањето на тешкотиите. Со текот на годините, таа постојано ги кршеше бариерите и стана вистински пример за идните каратисти. Чест е што учествував на церемонијата и се надевам дека таа продолжува да заработува сè повеќе признанија и награди“, рече претседателот на ВКФ, Антонио Еспиноз.

Фото: ВКФ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО