Сандев, Рустемовиќ и Костадиновски се враќаат со медали од „Шабац опен“!

Delini Petrovec na Sabac open

Дамјан Сандев од Таеквондо клубот Петровец освои златен медал во категорија -45 кг во кадетска конкуренција на „Шабац опен“, кој се одржа по трети пат, додека Јасмин Рустемовиќ во категорија до 59 кг и Давид Костадиновски до 68кг во јунорска конкуренција од ТК Делини Илинден освоија сребрен и бронзен медал.

На „Шабац опен“ учествуваа 608 натпреварувачи од 9 земји. Турнирот важи за еден од најдобрите во Србија.

Иво Сандев и Бесир Ливорека од Петровец останаа без медали, а, пак, Деспина Јовчевска – 47 кг во кадетска конкуренција, иако имаше две победи, тие не беа доволни за да се освои медал. И никола Марковски не успеа да се закити со медал.

„Можеме да кажеме дека полека но сигурно формата оди во нагорна линија, која ја темпираме за Европското јуниорско првенство во Рига,Литванија“, вели тренерот на Делини Илинден, Александар Велјановски.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО