АктуелноБоксПрофесионален
Само Усик може да го запре перфектниот Итаума

Поранешниот шампион во полутешка и тешка категорија, Дејвид Хеј, е воодушевен од 20-годишниот чудо од тешка категорија Мозес Итаума (13-0, 11 нокаути).
Хеј не се сомнева дека Итаума лесно би го нокаутирал поранешниот шампион во тешка категорија Ентони Џошуа, токму сега.
Од интервју за ИФЛ ТВ: „Да, мислам дека ќе ги победи сите. Единствениот што може да го запре е Усик. Со оглед на победата на Мозес над Вајт, би рекол дека Усик е единствениот што има шанса. Знам дека звучи лудо. Знам дека звучи нереално. Но, разберете, нема ниту една маана во стилот на ова дете. Не гледам каде или како може да биде победен. Сè е многу чисто, сè е многу мазно. Не мислам дека некогаш сум видел нешто слично“.



