Само Свинарски се бореше за медал, Мишачковски оштетен на Европското карате првенство

На првиот ден од Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година немавме многу успех, односно нашите репрезентативци ги завршуваа своите настапи во првото или вотрото коло во кати борби – кадети.

Специјлен известувач од Софија: Венцо Донев

Марио Свинарски (-52 кг) најмногу стигна, бидејќи во репасажот се бореше за бронзениот медал беше поразен. Во првата средба од репасажот со 1-0 го совлада Тале Јагубов од Азербејџан, пред се, по заслуга на агресивната борба што ја наметна од почетокот на борбата. Во борбата за медал се сретна со Александру Сусану од Романија кој на 20 секунди до крајот зададе маваши и поведе со 3-0, резултат кој не се промени до крајот на мечот.

Исто така Иво Мишчаковски (-70 кг) во кадетска конкуренција прикажа добри борби и слободно може да се рече дека судиите го оштетија. Во првото коло го совлада Швеѓанецот Даниел Карлсон со 3-1, а во воторото коло загуби 0-2 од Украинецот Андреј Заплитин. На 6 секунди пред крајот беше оштетен кога не му го досудија левото аши-маваши, овој удар му носеше сигурна победа.

Едвин Омерагиќ (+70 кг) – Станислав Литич – Германија 0-1

Јуниорот Звонко Николовски во кати имаше добар настап во репасажот во кати. Во првата средба загуби од Мики Морзек од Франција 0-5, кој на крајот стана европски шампион, и го повлече во репасажот каде што забележа две победи против Давид Фам од Шведска и Пењо Пенев од Бугарија со 4-1 и 3-2, а во третата борба која одлучуваше дали ќе се бори за медал беше поразен со 5-0 од Португалецот Едуардо Гарсија. Со овие две победи Николовски го обезбеди седмото место на ЕП во Софија.

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО