Само Драгана Манговска со две победи во лошиот ден за каратистите на Премиер лигата во Берлин

Денешниот ден на Карате 1 Премиер лигата во Брелин, Германија, беше лош за македонските каратисти, бидејќи забележаа само четири победи, од кои две отпаѓаат на Драгана Манговска, а по една на Сара Радичевска и Петар Заборски.

На Карате 1 Премиер лигата настапуваат првите 100-мина на ранг листатат на ВКФ (Светската карате федерација), ни преостанува да се надеваме дека утре ќе имаат повеќе успех, бидејќи со овој настап се заокружва изборот на репрезентацијата за Светското првенство во Шпанија.

Резултати
-50 кг
Сара Радичевска – Сара Бахманјар (Иран) 0-0
Сара Радичевска – Шуанг Гу Шиау (Тајван) 0-2
Драгана Манговска – Гема Моралес Озуна (Шпанија) 2-2
Драгана Манговска – Ребека Цихрова (Словачка) 3-0
Драгана Манговска – Бетина Планк (Австрија) 1-1

-55 кг
Јована Георгиева – Сум Ма Ман Арос (Хонг Конг) 0-4
Симона Заборска – Туба Јакан (Турција) 0-1

-60 кг
Емил Павлов – Самуеле Маркезе (Италија) 0-2

-75 кг
Петар Заборски – Беким Баша (Албанија) 0-0
Петар Заборски – Раби Јендуби (Италија) 0-7

Утре треба да настапат:
Берат Јакупи -84 кг
Жарко Арсовски + 84 кг
Мартин Несторовски +84 кг
Петар Спасеновски -84 кг
Моника Стефановска -68 кг
Вероника Костовска -61 кг
Ангeла Мојсовска – 68 кг
Виктор Крстевски -84 кг
Наташа Стефановска -61 кг

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО