Самбото востанови Ден на фер-плеј

Од 2020 година самбо го слави Денот на фер-плејот. Датумот 7 септември е веќе повод да се слават чистите борби и да се мавта со прстот на секој обид за измама.

„Не дека нема да има фер-плеј и понатаму, но на овој ден ќе зборуваме погласно отколку што е потребно во чест на чистиот спорт“, стои во дел од изјавата на Светската самбо федерација (ФИАС/FIAS).

Во 2016 година Белорусинот Степан Попов беше награден со прва награда за фер-плеј.

Во финалето на Европските игри во Баку, Попов ја прекина борбата и му помогна на противникот да го напушти душекот откако очигледно се повреди. Спортскио чин и, пред сè, човечката добрина инспирираат создавање на посебен ден на фер-плејот.

„Сакаме да ги натераме локалните федерации да ги едуцираат спортистите во духот на чистата борба уште од најрана возраст. Контактиравме со голем број меѓународни организации и ја добивме нивната поддршка“, коментираат од ФИАС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО