Вчера успешно беше лансирана руската ракета „Сојуз-2.1а“ со вселенското летало „Сојуз МС-17“ и новиот екипаж на Меѓународната вселенска станица.
Лансирањето се случи во космодромот Бајконур (Казахстан) во 07:45 часот (по македонско време).
Интересно е да се спомене дека пред полетувањето, ракетата беше украсена со симболи на самбото и Руската самбо федерација.
„Нашата идеја е да го промовираме самбото низ целиот свет“, рече Сергеј Елисеев, претседател на Руската самбо федерација.
„Лансирањето на „самбо ракетата“ во вселената е историски момент за нашиот спорт. Овој настан може да се спореди само со признавањето на самбо како привремен олимписки спорт од страна на ИОК. Нешто што нашиот спорт го чекаше 80 години“, додаде Елисеев.
https://www.youtube.com/watch?v=YUhHoaXywOM&feature=emb_logo
Ова е второ „излегување“ на самбо во вселената. Во 2018 година, космонаутот Олег Артемиев ја поздрави Меѓународната самбо федерација по повод 80-годишнината.
Во екипажот на „Сојуз МС-17“ се руските космонаути Сергеј Рижиков и Сергеј Куд-Сверчков и американскиот астронаут Кејтлин Рубинс.