Самбо: Сатфф и Факиќ со по три титули на Државното првенство!

711

Sambo tim na prvenstvoto

На вчера одржаното Државно првенство во самбо во Скопје, по три златни медали освоија клубовите Сатфф

и Факиќ, а Реал фајт и Трамима по еден. Факиќ е најуспешен клуб.

Sambo 4 drzavno

Видовме интересни борби во кои предничеа оние со боречко искуство, како што е репрезентативецот Бехар Махмути, Ердоан Мемети, Ертан Реџепи, Зајков Влатко, Александар Стојанов, Фиданчо Јованов. Не помалку заостануваа и џудистите, но најмногу не се снајдоа оние што се борат во ММА. Но, тоа не беше само нивни проблем, туку речиси сите, кои не тренираат самбо имаа забуна во врска со правилата.

Sambo 3 drzavno

Мора да се пофали одличната организација на првенството и претседателот Ердал Факиќ, како и судиите, кои за овие прилика специјално беа дојдени од Бугарија.

Sambo proglasuvanje

Од Самбо федерацијата на Македонија најавуваат подем на овој спорт и добар настап на Европските игри во Баку, Азербејџан.

52 кг. 3 учесници              Sambo curino 2

  1. Амар Мурат (Стафф)
  2. Ангелов Ангел (Факиќ)
  3. Хамза Сали (Факиќ)

57.кг 2 учесници

  1. Армин Идризи (Факиќ)
  2. Апостолоски Александар (Сирхан)

62 кг. 3 учесници

  1. Ердоан Мемети (Стафф)
  2. Реџепи Минир (Факиќ)
  3. Дарко Лукач (Трамима) 3. Буњамин Нуиши (Факиќ)

68 кг. 6 учесници                                                                                 Fidanci i Angel Angelov sambo

  1. Реџепи Ертан (Стафф)
  2. Јованов Фиданчо (Трамима)
  3. Мердан Арифи (Стафф)

74 кг. 7 учесници

  1. Бехар Махмути (Факиќ)
  2. Вандов Димитар (Реал Фајт)
  3. Бењамин Аслани (Стафф)
  4. Јетмир Имери (Факиќ)

82 кг. 3 учесници

  1. Талески Владимир (Реал Фајт)
  2. Идризи Џемаил (Стафф)
  3. Касамовски Садик (Факиќ)

90-100 кг. 5 учесници

  1. Зајков Влатко (Трамима)
  2. Ариф Сејди (Факиќ)
  3. Семир Авдиќ (Факиќ)
  4. Шукри Асани (Реал Фајт)

+100 кг 4 учесници

  1. Александар Стојанов (Факиќ)
  2. Машовиќ Бајро (Стафф) sambo tefejuz
  3. Филип Јовески (Факиќ)
  4. Синан Рамука (Стафф)

ipon.mk/В.Д.