Самбо репрезентацијата имаше успешни подготвки во Копаоник (ФОТО)

Македонските самбо репрезентативци до повеќе возрасни категории беа на подговки во Копаоник, Србија, заедно со српската репрезентација.

На подготовки за Европското првенство за сениори во Екатеринбург, русија во ноември, беа Маја Бобан, Омар Факиќ, Ахмед Факиќ, Едис Факиќ, Бернад Реџиќ, Ернес Реџиќ и Семир Авдиќ.

„За време на нашиот тренинг камп од 9 дена тренинзите се одвиваа надвор. Работевме еден дел техники и во друг дел со помош на ластици, вреќа. Имавме трчање на планина, искачување во делот на кондиционите подготовки. Исто така на располагање имавме и фитнес сала, каде работевме тежински вежби, како и базен кој бесе на наше располагање. Имавме адаптирана сала со татами, каде што вежбаа по двајца. Целата подготовка беше во согласност со сите мерки за заштита. Се помина одлично и планираме уште еден мини камп до крајот на летото во Македонија“, вели претседателот на Самбо федерацијата на Македонија и селектор Ердал Факиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО