Саенчаи ја забележа 40-тата последователна победа и 303-тата во кариерата (ВИДЕО)

Мај тај ѕвезди патуваа во источната тајландска провинција Рајонг на новиот Тај фајт настан.

Стандардниот формат во кој локалните херои ги одмеруваат силите со странците, ги даде очекуваните резултати.

Поранешниот шампион на Лумпини во четири тежински категории, Сенчаи дојде до 40-тата последователна победа совладувајќи го со одлука на судиите Русинот Никита Суровежкин. Непоразен е од ноември 2014 година и ова му е вкупно 303 победа во кариерата.

Чанајон, борец од салата Саенчаи, го нокаутира Узбекистанецот Тимур Џабар во втората рунда.

Судсакорн го победи Ајоба Саки со судиска одлука, а единствениот успешен „farang“ (странец, белец) на настанот беше Швеѓанецот Матијас Јонсон кој со летечко колено во првата рунда го нокаутираПец-Фанган.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО