Садулаев го закити тренерот со златото од Олимпијадата во Токио (ФОТО)

Абдулрашид Садулаев уште еднаш ја докажа својата благодарност до луѓето околу него што му помагаат во кариерата. Машината за победи од Дагестан сподели фотографија на социјалните мрежи на која го одликува својот тренер Шамил Омаров со златниот медал што „Аварскиот тенк“ го освои на Олимписките игри во Токио, во категоријата до 97 килограми во слободен стил.

„Повеќе од 10 години соработка. Многу помина и колку е уште пред нас… “, напиша Садулаев на својот Инстаграм профил.

Абдулрашид Садулаев сега е двократен олимписки шампион во втората различна категорија, победувајќи го големиот противник Кајл Снајдер од САД во финалето во слободен стил до 97 килограми на Игрите во Токио.

Аварскиот тенк ја продолжи својата феноменална победничка серија, освојувајќи втора олимписка титула во различни категории на само 25 години. Дагестанецот се радуваше со златото по успехот во финалето над неговиот голем противник – Кајл Снајдер со 6-3 поени. Неговиот последен пораз беше од Снајдер во финалето на Светското првенство 2017 година во Париз. Оттогаш, Садулаев победи во 56 последователни борби.

Дагестанецот има вкупен скор од 139 победи и само 2 порази во кариерата (еден е од Снајдер). Тој е олимписки шампион (2016) во категоријата до 86 кг и од Токио – на 97 кг. Аварскиот тенк има вкупно четири светски титули (2014, 2015, 2018 и 2019 година). Борачот од Русија двапати победи на Европските игри (2015 и 2019 година), а исто така е и четирикратен европски шампион (2014, 2018, 2019 и 2020 година).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО