САД им забрануваат учетсво на профи боксерите на ОИ во Рио

hubolt sad

Американската аматерска боксерска асоцијација нема да ги вклучи професионалците во тимот за Олимписките игри во Рио.

Меѓународната боксерска асоцијација (АИБА) овозможи учество на сите боксери на најголемиот спортски настан, но САД немаат намера да даваат шанса на суперѕвездите како Флојд Мејведер и Дионтеј Вајлдер да се појават на олимпискиот ринг.

„Ги цениме напорите на АИБА да го развива боксот на секаков начин. Но, ние нема како во последен момент да ги промениме регулативите на квалификациите, кои минуваат нашите аматери во последните две години. Веруваме дека и многу други земји се во иста ситуација и би донеле слично решение во интерес на чесноста во спортот“, се вели во официјалното соопштение на Американците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON