Руслан Чагаев ја одбрани титулата во супертешка категорија

cagaev

Руслан Чагаев од Узбекистан ја одбрани светската титула во верзијата на Меѓународната боксерска асоцијација (WBA) во супертешка категорија, откако го нокаутира Италијанецот Франческо Пијанета уште во првиот дел од борбата на 12-та рунда во Магдебург, Германија. Чагаев го собори Пијанета на подот со два брзи леви удари во првата рунда, но Италијанецот стана пред крајот на одбројувањето за нокаут. Боксерот од Узбекистан не се откажа, го притисна противникот до јажињата и го прати во нокаут со нови два одличнo пласирани удари со левата рака. Судијата Жан-Луи Леглан немаше друга опција, освен да прогласи крај на натпреварот уште пред ударот на гонгот.

Чагаев го подобри билансот на 34-2 од кои 21 пат победите со нокаут.

Против Пијанета тој за првпат ја бранеше титулата, која ја освои по борбата за испразнетиот појас против Американецот Фрес Окуендо во Грозни. „Не бев внимателен и тој ме порази. Му честитам Чагаев за оваа победа“, рече Пијанета, откако се освести.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON