Петра Матијашевиќ беше сопрена од Хрватката Ива Радош на патот кон медалот!

petra_matijasevic_1

Македонската репрезентативка во таеквондо,  Петра Матијашевиќ (-73 кг), загуби од сонародничката Ива Радош, која е една од најдобрите во светот, со 3-5 и не успеа да стигне до медал на Универзијадата. Сепак, Матијашевиќ ќе освои значајни бодови во рангирањето, што е олимписки критериум.

Петра беше последната македонска претставничка на Универзијадата во Гванжу, Кореја.

Во тврд натпревар меѓу два стари познанички, во првата рунда тактизираше, а во втората се разгоре борбата, кога Радош со еден удар во глава заработи три поени. Матијашевиќ даде сѐ од себе во последната рунда, возврати со серија поени, но вкупниот збир беше во корист на Хрватката.

Без разлика на поразот, пласманот меѓу осумте најдобри ќе ѝ донесе бодови на Матијашевиќ во вкупното рангирање во таеквондо, што е критериум за олимписка виза.

Во осминафиналето Петра ја победи Ким Хујонг (Ј.Кореја), тесно, со 8-7 ( по рунди 0-1, 3-2, 5-4), откако во првото коло беше слободна. Во првите две минути се бореше претпазливо. На почетокот на втората Корејката освои два поена и поведе со 3-0, но заработи и казнен поен што ја охрабри Матијашевиќ да продолжи похрабро и со два поени до крајот на втората рудна да израмни. Во решавачката трета рунда, Петра славеше 5-4, што ѝ го отвори патот во четврт-финалето.

Радош од Хрватска во осминафиналето ја победи Британката Џејд Слејвин, а во борбата за медал ќе се сретне со победничката од дуелот Кжеменецка (Полска) – Ајдин (Турција).

ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО